
Националната авиокомпанија на Саудиска Арабија објави дека нарачала 105 авиони Ербас во најголемиот договор за набавка на комерцијални авиони во земјата во историјата.
Извршниот директор на Сауди Ерлајнс, Ибрахим Ал-Омар изјави дека првите авиони ќе бидат испорачани во првиот квартал на 2026 година, објави Си-Ен-Ен.
– Саудиската групација денеска го објавува најголемиот договор во историјата на саудиската авијација – рече тој на Форумот за иднината авијација во Ријад, зборувајќи за договорот со Ербас.
Сегашната флота на Саудиска групација се состои од 93 авиони Ербас и 51 авион Боинг, според нејзината веб-страница.
На прашањето за вредноста на работата, саудиската групација не одговори, додека Ербас одби да коментира, но во соопштението за печатот организаторите на Форумот за иднината авијација рекоа дека новата нарачка „вкупно изнесува 19 милијарди долари“.
Си-Ен-Ен тврди дека одлуката на саудиската авиокомпанија да купи авиони од европскиот Ербас е нов удар за американскиот Боинг, кој во последно време трпи загуби, пред се поради проблеми со доверливоста на авионот











