Саудиска Арабија: Некои користат нафтени резерви за да манипулираат со пазарот

119

Министерот за енергетика на Саудиска Арабија, принцот Абдулазиз бин Салман  предупреди дека некои ги користат своите резерви на нафта за итни случаи како механизам за манипулирање на пазарот, а нивната цел треба да биде да ги ублажат можните недостатоци на пазарот.

„Моја должност е јасно да кажам дека загубата на залихите за итни случаи може да биде болна во наредните месеци“, рече Бин Салман во говорот на конференцијата „Иницијатива за идни инвестиции“ во Ријад, пренесе Ројтерс.

Американскиот претседател Џозеф Бајден минатата недела најави дека до крајот на годината ќе го продаде преостанатиот дел од нафтата од вкупната количина што ја најави на почетокот на годината како дел од планот за ослободување нафта од државните резерви на пазарот, со цел да се намалат цените на горивата на пумпите во САД пред парламентарните избори на 8 ноември, потсетува британската агенција.