Саудиска Арабија подготви план за поголема побарувачка на нафта и гас во земјите во развој

Саудиска Арабија започнува огромен глобален инвестициски план за да ја зголеми побарувачката за нафта и гас во земјите во развој, откри „тајната истрага“ што ја објави  Гардијан.

Британскиот весник наведува дека критичарите на планот истакнале дека тој е дизајниран да ги „привлече земјите да користат штетни производи“.

Споменатата програма за одржливост на побарувачката на нафта (ОДСП), според британските медиуми, била спроведена под директен надзор на неформалниот владетел на Саудиска Арабија, престолонаследникот Мохамед бин Салман, а ги вклучила и најголемите саудиски организации, како што е 700 милијарди долари вредниот Инвестициски фонд, најголемата светска нафтена компанија „Арамко“, петрохемиската компанија „Сабиќ“ и најважните саудиски министерства.
Според Гардијан, истрагата ги детализирала плановите за зголемување на употребата на автомобили, автобуси и авиони на фосилни горива во Африка и на други места, бидејќи богатите земји се повеќе се префрлаат на чиста енергија.
Гардијан забележува дека ODSP треба да го забрза развојот на суперсоничен воздушен транспорт, за кој се вели дека користи три пати повеќе авионско гориво од конвенционалните авиони, и дека има планови за партнерство со автомобилската индустрија за масовно производство на евтини возила со мотори со внатрешно согорување.

Понатамошните планови вклучуваат промовирање на моторни бродови кои користат горива што загадуваат, пишува лондонскиот весник.
Во јавно достапните информации, програмата во голема мера е наведена како „отстранување на бариерите за транспортот на енергија во посиромашните земји и зголемување на одржливоста“, како на пример со воведување печки за готвење на гас за да се заменат оние што горат дрва.