Саудиска Арабија полека се врти кон Кина, односите со САД се загрозени

146

Саудиска Арабија полека се врти кон Кина, што, според „Волстрит журнал“, може да ги загрози долгогодишните односи на Ријад со САД.

Кинескиот лидер Си Џинпинг би можел да ја прифати поканата да ја посети Саудиска Арабија во мај, каде би можел да се договори со најголемиот светски производител на нафта дека Кина ќе ја плати нафтата во јуани наместо во американски долари, пишува весникот.

Во услови на геополитички тензии предизвикани од војната во Украина, при што светот полека се определува за едната или другата страна, веста ги зголеми стравувањата дека Саудиска Арабија би можела да застане на страната на Русија, се вели во коментарот објавен од Дојче веле (DW).