Саудискиот нафтен гигант Aramco инвестира на пазарот на течен природен гас

78

Саудиската државна нафтена компанија Aramco објави дека купила малцински удел во MidOcean Energy, со што влегува на светскиот пазар за течен природен гас (LNG).

Во соопштението се додава дека Aramco сака да стекне удел во четири австралиски LNG проекти и дека процесот е во тек, пренесува oilprice.com.

Aramco потпиша дефинитивен договор за купување на стратешки малцински удел во MidOcean Energy за 500 милиони долари, прва меѓународна инвестиција на саудискиот енергетски гигант во LNG.

Договорот предвидува опција Aramco да го зголеми својот удел во компанијата во иднина.

Midocean Energy е управуван од институционален инвеститор во глобалниот и енергетскиот сектор EIG.