Саудискиот нафтен гигант сака да инвестира во кинеската хемиска индустрија

53

Саудискиот нафтен гигант „Арамко“ сака да инвестира повеќе во фабрики за хемиска индустрија во Кина и е заинтересиран да инвестира во капацитети што можат да ја претворат нафтата во хемикалии, изјави извршниот директор на саудиската фирма Амин Насер.
– Во моментов размислуваме за бројни инвестиции во Кина кои ќе бидат објавени во догледно време во текот на оваа и следната година – им рекол Насер на инвеститорите.

Тој ги спомна и Јужна Кореја и Индија како ветувачки дестинации за потенцијални инвестиции, пренесува Независне новине.

Арамко веќе е во преговори за купување на 10 отсто од акциите на кинеската компанија „Хенгли петрохемик“ и размислува за слични набавки во уште две кинески компании.

Акциите на Саудиска Арамко паднаа за 17 отсто од почетокот на годината, што е остар контраст со другите големи нафтени компании.