Саудискиот принц го проширува пазарот, вложил во акциите на Старбакс, Мајкрософт и Зум

60

Фондот за јавни инвестиции на Саудиска Арабија (PIF), со кој претседавa престолонаследникот Мохамед бин Салман, купи акции на Старбак, Зум и Мајкрософт во вредност од седум милијарди долари.

Според Middle East Eye, поднесоците на Комисијата за хартии од вредност на САД покажале дека тој купил 6,3 милиони акции во Старбакс, 4,7 милиони акции во Зум и 1,8 милиони акции во Мајкрософт.

„Другите акции што ги купи фондот ги вклучуваат Alphabet, Adobe Systems и JP Morgan“, се вели во извештајот.

Инаку, саудискиот фонд е основан во 1971 година од кралот Фајсал и е еден од најголемите државни фондови во светот, чиј имот се проценува на најмалку 620 милијарди долари.