Саудискиот принц ќе донира 32 милијарди долари во хуманитарни цели

15

alved bin talal

Принцот на Саудиска Арабија, Алвалед бин Талал вети дека ќе го донира целото негово богатство од 32 милијарди долари во хуманитарни проекти во следните години, пишува Euractiv.

“Ова е можеби првото вакво ветување од овој вид во регионот, а е сличен на моделот како и хуманитарната работа на основачот на Microsoft, Бил Гејтс во САД“, изјави саудискиот милијардер.

Неговото богатство, како што нагласи, ќе се искористи за “градење мостови што ќе го промовираат културното разбирање, развој на заедницата, поддршка на жените и младите лица, обезбедување на потребната помош при големи катастрофи и создавање на поголема толеранција“.

Големото богатство ќе биде алоцирано во текот на следните неколку години преку добро осмислен план.

“Имаме многу блиска соработка со фондацијата на Бил и Мелинда Гејтс, со којашто досега соработувавме на проект за лица заболени од целебрална парализа. Ова што јас го правам нема да влијае на работата на државните компании“, додава тој.