Саудискиот принц нуди 850 милиони фунти за Интер

40

Саудискиот принц Мохамед бин Салман испратил понуда за преземање на милански Интер вредна 850 милиони фунти, што би можело да ги задоволи актуелните кинески сопственици на „нероаѕурите“, кои според Експрес се во финансиска криза. Италијанските медиуми наведуваат дека договорот за преземање веќе би бил завршен доколку немало проблем со најновиот заем на Интер од 270 милиони, кој беше земен од американскиот инвестициски фонд Oaktree Capital Management.

Саудискиот конзорциум планира сериозно да го сфати фудбалот и нивните деловни намери се поврзани со нивната голема желба да поседуваат клуб во Серија А, пишува it24news.

Актуелниот сопственик на Интер, Жанг Џиндонг имал намера да го продаде клубот на почетокот на годината поради финансиски проблеми и побарал 850 милиони фунти за продажба на италијанскиот шампион, а наводно се разговарало и со други заинтересирани страни пред фијаското на фудбалската Супер лига во април.