Сава Осигурување прослави 20 години од основањето

31

Компанијата Сава осигурување а.д. Скопје ја прослави 20-годишнината од своето основање. Ова претпријатие се приклучи на младиот осигурителен сектор во Македонија пред две децении, а денес е негов особено значаен и исклучително почитуван дел.

“Спојот на искуството, знаењето и младешкиот ентузијазам ни ја обезбедија високата позиција на пазарот и довербата на осигурениците. Денес имаме сопствена продажна мрежа од 38 подружници, како и брокери и агенти низ целата територија на Република Македонија. Пазарниот удел од 10,5% нè позиционира меѓу најдобрите на осигурителниот пазар”, рече Петер Скварча, извршен директор на Сава осигурување.

Македонската компанија е членка на големата групација Сава Ре чие седиште е во Словенија. Таа во 2013 година запиша премија од 386,7 милиони евра. Се работи за втората по големина групација за осигурување во регионот која забележа пораст на премијата од 43% во споредба со претходната година. Неревидираната нето добивка за 2013 од 13,6 милиони евра, покажа зголемување од 15,4% во однос на 2012 година. Како резултат на ова, годинава ќе се исплатат дивиденди во висина од 30% од добивката за 2013 година.

“Она што ја прави нашата компанија посебна е стремежот да го подобриме квалитетот на сопствениот живот, животот на своето семејство и на семејствата на нашите осигуреници. Работиме на решенија кои ќе обезбедат поголемо спокојство кај осигурениците, креираме производи според потребите на клиентите – за потребите на населението, но и за унапредување на бизнисите”, истакна Скварча.

Македонската Сава осигурување е дел од стабилна групација чија матична компанија се вбројува меѓу најголемите реосигурителнни куќи  во централна Европа, а тоа носи голем број поволности. Освен безбедноста, на клиентот му оди во прилог и долгогодишното искуство во осигурителната сфера, како и перспективата за воведување нови начини на продажба на македонскиот пазар.

“Наша амбиција е да бидеме, пред сè, најдобра компанија во Македонија за нашите осигуреници, за нашите деловни партнери, за нашите вработени, за околината во која што работиме и во која што живееме. Во наредните години очекуваме зголемување на бројот на осигуреници и проширување на продажната мрежа. Особено се радуваме на воведувањето на нови производи со кои ќе се бориме за своето место на пазарот. Токму деновиве ќе го промовираме концептот на здравственото осигурување за кое веруваме дека може да одговори на потребите на нашите осигуреници”, откри Петер Скварча.

Групацијата Сава Ре го задржа рејтинг Б+++ што го ажурира компанијата Стандард енд Пурс.