
Постапувајќи согласно член 38 од Правилата за котација на Македонска берза, Реплек АД Скопје ја информира јавноста за промени во сопственичката структура кои претставуваат ценовно чувствителни информации.
Отворениот задолжителен пензиски фонд Сава пензиски фонд, кој е акционер со над 5% удел, се стекнал со 90 нови акции од Реплек. Со оваа трансакција фондот сега поседува вкупно 16.793 акции, односно 6,48% од вкупниот број издадени акции на компанијата.
Воедно, членот на Управниот одбор на Реплек, Коста Котески, купил 10 нови акции, со што неговиот вкупен пакет достигнува 410 обични акции.
Истовремено, акционерот со над 5% – компанијата Настел ДООЕЛ – реализирала продажба на 95 акции, по што нејзиното вкупно учество се намалува на 15.950 акции, односно 6,15% од вкупниот број акции.













