СБ: Успешна реализација на четвртото издание на Вози право, вози здраво

50

Со над 5.400 регистрирани учесници помина четвртото издание на веќе добро познатата ревијална трка #ВозиПравоВозиЗдраво со која, бар на кратко, улиците беа ослободени од моторизирани возила и граѓаните слободно се движеа и забавуваа, стои во соопштението на банката.

И оваа година, со секој извозен метар, Стопанска банка АД – Скопје ќе донира средства за нова урбана опрема за Град Скопје за поттикнување на користење велосипеди како транспортни средства. Многу наскоро банката ќе го дополни со содржни нивниотСТБ Детски Велодром и ќе се подготви терен, заедно со Град Скопје за изградба на нов урбан Велодром со повеќе предизвици и содржини.

Вози право, вози здраво vol. 4 во својата пролетна шема понуди многу интеракција, забава и содржини на целта во Градскиот парк за сите гости и учесници. Ревијалната трка почна во 11 часот од Порта Македонија а на целта во Градски парк, на централната и помошните бини поставени беа повеќе позиции кои на посетителите им понудија бројни забавни содржини, игри, подароци, предизвици и вредна лотарија.

Банката и соработниците обезбедија и освежување за учесниците а секако, за сите учесници беа обезбедени и репрезентативни материјали. Како и досега, извлечени беа добитници од вредната лотарија5х Specialized Велосипеди, 5х GoPro камери, 5хFitBit алки, 5х MICRO тротинети и друга спортска опрема.

Фото: Facebook