СБ: Забавува економската активност во Западен Балкан

24

Економската активност забавува во Западен Балкан, додека инвестициите и извозот продолжуваат да слабеат во шесте земји од регионот. Според најновиот Редовен економски извештај за Западен Балкан, Растечка неизвесност, растот е предвиден на 3,2% во 2019 година, којшто е понизок од 3,8% во 2018 година. За разлика од регионот, растот во Северна Македонија продолжи да се зголемува во 2019 година, по големото забавување во 2017 и се очекува растот во Косово да остане висок од 4%, додека повеќето економии во регионот се соочуваат со побавен раст споредено со оној од пред една година. Проекциите за регионалниот раст во 2020 и 2021 се позитивни, тој сепак ќе остане под нивото на десетгодишниот раст од 2018 година.

“Понатамошниот раст во регионот помага во создавање на работни места за населението, учество на жените во работната сила и помага во справување со емиграцијата. Но, неповолните ризици кои се појавуваат укажуваат на потребата од креаторите на политики треба да ја поттикнат конкурентноста, зголемат ефикасноста и користноста на јавната потрошувачка и да се справат со растечките фискални дизбаланси со цел нивно искористување и обезбедување на одржлив раст“, вели Линда Ван Гелдер, Директор за Западен Балкан при Светска банка.

И покрај економското забавување во 2019, невработеноста продолжи да се намалува во регионот – на историски најниско ниво. До јуни оваа година, 150.000 работни места беа создадени во регионот, споредено со една година претходно. Овој тренд ги вклучува и 43.000 работни места за младите, само во Албанија се создадени половина од овие работни места. Дури и со овие позитивни економски случувања, само 44% од работоспособното население во Западен Балкан има работа, неактивноста на пазарот на труд остана непроменета на 48% и проширувањето на меѓурегионалните диспаритети на пазарот на трудот се загрижувачки. Во Косово и во Босна и Херцеговина, неактивноста се зголеми во 2019 година, со претпоставка дека повеќе луѓе го напуштиле пазарот на труд отколку што нашле работа.

Соочувајќи се со растечки неизвесности во регионот, извештајот повикува на рапидно подобрување на јавната потрошувачка и конкурентност. Построги контроли на платите, намалување на даночната евазија и олеснувања и подобро таргетирање на социјалните бенефиции може да водат кон подобри јавни инвестиции, подобрување на еднаквоста и создавање на фискални бафери за да се ублажат растечките ризици во регионот.

Фото: Pixabay