Sberbank стана највредната банка во Европа

121

На 7 октомври Sberbank стана највредната банка во Европа. Претходно, првото место го држеше британската HSBC, објавија руските медиуми.
Како што пренесе bne IntelliNews, рускиот берзански индекс RTS скокна во втората недела од октомври. Иако водечкиот индекс на RTS се зголеми за околу 32 проценти од почетокот на годината, инвеститорското внимание беше насочено кон банкарскиот сектор којшто порасна за над 70 проценти на 8 октомври.

Sber и TCS група привлекоа најголемо внимание со поттикнување на раст на вредноста на секторот. Цената на акциите на Sberbank го обнови својот историски максимум: една акција вредеше повеќе од 366 рубли (5,10 американски долари). Пазарната капитализација на 7 октомври надмина 8,25 трилиони руби (113 милијарди долари), наспроти HSBC која имаше капитализација помала за 30 милијарди долари.

Потпретседателот на Sberbank, Владислав Креинин, во интервју рече дека растот на чисто банкарските услуги, земајќи ја предвид новата регулатива, ќе биде ограничен во следните десет години и дека целиот раст ќе дојде од пресвртот на банката кон финансиските и интернет услугите. Околу сто од 13.000 филијали на банката веќе се трансформирани во рамките на новиот екосистем, а се планира да се отворат уште 6.000, објави ТВ каналот Русија 24.