sCarabane – монтажна, еколошка камп куќа

110

home2Green Cat Technologies, компанија со седиште во Париз, ја претстави sCarabane – камп куќа опремена со модерна технологија, пишува Inhabitat. Има вградено сончеви панели, сончев генератор за топла вода и телескопска турбина на ветер.

Кампот, којшто се склопува, може да ротира за 360 степени следејќи го сонцето. За монтирање на куќата доволен е еден човек и целата работа може да се заврши за само еден час. Може да се прикачи на автомобил како стандардна приколка.

sCarabane има специјално огледало на покривот што го следи сонцето, а вертикална турбина на ветер може да генерира моќност од 500 вати. Камп куќата е опремена со кујна, спална, детска соба, бања со тоалет, туш, лавабо и машина за перење алишта.

Исто така, sCarabane може целосно да функционира без електрична енергија во географски места каде што има доволно ветер и сончеви денови. Компанијата сè уште работи на усовршување на камп куќата, односно на систем за филтрирање на дождовница, па затоа не се знае кога ќе биде пуштена во продажба и колку ќе чини.
dsc00441home3Inside 3folding11

Фото: sCarabane