Schwarzkopf – успех во чест на негата и убавината

184

45b79669d2c1c3ef5bac1fd8a790e9f2Мега брендот Schwarzkopf моментално поседува 7.600 патенти и секој од нив е чекор напред во негата на косата.

Тој е еден од најсилните брендови под капата на Henkel и нуди широка палета на производи за нега на коса, од стилизирање до бојадисување и обновување. Покрај своите малопродажни брендови како Taft, Schauma, Gliss и Brillance, портфолиото на Schwarzkopf вклучува и професионална нега – Schwarzkopf Professional.

history-drugstore-1898Но, кога во 1898 Ханс Шварцкопф, хемичар од Берлин отвори мала аптека наречена Die Farben, Drogen und Parfümeriehandlung, никој не ни помислуваше дека ќе прерасне во успешно, познато и признато име.

Ханс беше иноватор не кој не му се допаѓаше дотогашниот начин на којшто луѓето се негуваа – скапи масла и тврди сапуни. Затоа тој во 1903 година создаде нешто револуционерно – шампон во прав што се раствора во вода.

На пакувањето за прв пат се појави и добро познатото лого – црната глава, што е и всушност преводот на Schwarzkopf (црна глава). Новиот шампон веднаш стана хит, на купувачите им го даде она што им беше потребно – квалитет за ниска цена.

1924_Schaumpon_pboxx-pixelboxx-101967_300dpi_1772H_1772W

Побарувачката за уште еден ефикасен производ се повеќе растеше, а првите земји каде се пласираа производите надвор од Германија беа Русија и Холандија.

Image6Во 1927 година Ханс го претстави првиот течен шампон во светот, а само една година подоцна Шварцкопф доби патент за регенератор за коса – Schwarzkopf Haarglanz (сјајна коса).

Набргу потоа следуваше и лансирањето на Onalkali – првиот шампон без алкалии што стана и прототип за сите модерни шампони.

Производителот немаше намера да застане. По завршувањето на Втората светска војна, во 1947 година на пазарот се појави Onaltherma, првиот ладен третман за трајна фризура. Овој изум значително го олесни процесот на виткање на косата, што дотогаш се правеше на температура од 100 степени целзиусови и во голема мера ја оштетуваше косата.

1949_Schauma_Haarglanzwaesche_pboxx-pixelboxx-101971_72dpi_425H_425W

Две години подоцна во 1949 компанијата го претстави својот прв течен шампон во туба, што го “поплочи” патот за масовен маркетинг на шампони во Германија.

Името Schauma Creme-Schaumpon стана синоним за шампон за виткана коса.

Поствоениот економски развој донесе нови модни трендови, па така излезе и нов производ – Taft или лак за коса. Со него настана и нов збор во јазикот  – Tafting, односно прскање со лак за коса.

19561971_Taft_pboxx-pixelboxx-101977_72dpi_425H_425W

Во 1960 Schwarzkopf Professional ја донесе Igora Royal, професионална боја за коса, што подоцна стана познат светски бренд во професионалниот фризерски сектор. Потоа следуваше Igora Toning, првата пена за коса во Европа наменета за употреба во салоните за убавина. Овој иновативен производ ја направи бојата подостапна како за клиентите, така и за фризерите.

Во 70-тите и 80-тите години заштитата на животната средина беше многу важно прашање. Schwarzkopf беше многу понапред од своето време и првиот производител на козметика што направи нешто во врска со тоа. Тој во 1987 го прилагоди лакот за коса Taft користејќи аеросоли без CFC (хлорофлуоројаглеводороди).

SCIGBOT406__95848.1364526173.1280.1280 (1)Потребата за природни производи што не ја загадуват околината продолжи и во деведесетите години. Schwarzkopf одговори на ова барање уште во 1991 година кога ги претстави Igora Botanic- фарби за коса базирани на растенија.

Полутрајните фарби беа без пестициди, хербициди и фунгициди и постигнаа голем ефект со првата биоразградлива органска формула во историјата на индустријата.

Четири години подоцна, во 1995 година се случи еден голем пресврт – корпорацијата Henkel го презема брендот Schwarzkopf и веднаш стана водечки европски снабдувач во областа козметика за коса.

Под капата на Henkel брендот лансираше уште низа револуционерни производи како Re-Nature, првиот само – пигментирачки производ за побелена коса, чијашто формула реагира во допир со кислородот од воздухот и ја враќа првобитната боја на побелената коса.

788ff92e9a59aeb146ed681b6c832028Доаѓањето на новиот милениум, односно 2003 година донесе и отворање на Академија Schwarzkopf (ASK) во Токио и додавање на американскиот бренд DIAL во портфолиото на Schwarzkopf.

Со отворањето на Академија и во Лондон во 2004 година, Schwarzkopf Professional ги прошири можностите за слушање на курсеви и семинари за фризери.

Со претставувањето на Active Dr. Hoting во 2007 година, Schwarzkopf professional им излезе во пресрет на оние кои патат од опаѓање на косата. Неговата иновативна формула со петентирани активни состојки во чиј состав има карнитин ја докажа својата ефикасност против косопаст што не е поврзан со болест.

Денес брендот има верни купувачи во дури 125 земји во светот, а неговата вредност се проценува на над 2,42 милијарди долари. Но, успешноста на Schwarzkopf не застанува тука, новиот милениум е нова инспирација за уште многу револуционерни производи за нега што ќе ги задоволат потребите на идното време.