Пенкалото Scribble е комбинација од RGB сензор, кој ги детектира црвената, сината и зелената боја на виножитото, и тонер со пет бои. Она што го прави посебно ова пенкало е можноста да ги продуцира сите бои што ќе ги забележи.
“Ова пенкало е одлично за слепите лица, за децата, лицата кои се занимаваат со внатрешно уредување, наставници, уметници, фотографи, дизајнери и студенти. Тоа ќе им помогне да ја ископираат бојата што им е потребна од било кој објект на многу едноставен начин“, се наведува во соопштението за медиумите.
Скенерот, што ја идентификува бојата, се наоѓа на врвот на пенкалото, и кога ќе допре до предмет со одредена боја, пенкалото ја зачувува бојата и ја прави потребната комбинација од тонерот.
Производителот на ова “паметно“ пенкало вели дека Scribble има меморија за 100.000 бои, а работи преку литиум – јонска батерија. Тежи само 39 грама и е лесен за користење.
За оние кои сметаат дека хартијата е старомодна, направено е пенкало со истиот квалитет и карактеристики што може да се користи кај дигиталните уреди со помала цена.