SCV инвестира еден милион евра во српскиот старт – ап Cube

46

cube-start-ap

Фото: Facebook

South Central Ventures (SCV) инвестираше еден милион евра во српскиот старт – ап Cube, со цел да се продолжи развојот на иновативната платформа за деловни податоци.

“Свесни сме за зголемената потреба од достапни податоци и одлуки што зависат од тие информации. Штом ја достигнавме бројката од над 1.000 клиенти од различни бизниси, ние се насочуваме кон универзална платформа што ќе ни помогне да станеме врвни во обезбедување на финансиски податоци… SCV е меѓународна мрежа и нивната инвестиција ќе ни помогне да се развиваме побрзо и посилно. Ние сме им благодарни и возбудени поради инвестицијата“, вели Марко Радојчиќ, соосновач на Cube.

Компанијата Cube risk management solutions е активна во сферата на деловните информации со цел на своите клиенти да им овозможи безбедна бизнис клима, полесно донесување одлуки и унапредување на работата.

South Central Ventures, менаџер на ENIF фондот, располага со 40 милиони евра за инвестирање на иновативни компании од: Македонија, Косово, Албанија, Србија, Црна Гора, Хрватска и Босна и Херцеговина.

South Central Ventures има канцеларија и во Скопје.