Се бара билет плус за Лондон – Албанците, со 730% зголемена побарувачка за летови

71

Според податоците од туристичката апликација Hopper, интересот и побарувачката за патување во Лондон се зголемиле по смртта на кралицата Елизабета Втора.

Пребарувањата и резервациите за летови и хотелско сместување во областа Лондон се зголемија низ Европа во деновите пред погребот на кралицата помеѓу 15 и 17 септември.

Така, во САД побарувачката за летови е зголемена за 49 отсто откако веста дека кралицата починала го обиколи светот.

Резервациите за сместување во Лондон скокнале за 38 отсто, а како што пишува Ројтерс, од објавувањето на смртта на кралицата, просечната цена за ноќевање скокнала од 244 на 384 долари.

Најголема побарувачка за летови до Лондон е забележана во Франција, Италија и Чешка.

Сепак, апсолутни европски рекордери се Албанците, со 730 отсто зголемена побарувачка, пишува Travelweekly.

Извршниот директор на HotelPlanner, Тим Хенчел, рече дека се очекува резервациите на хотели да се зголемат за 32 отсто во текот на следните две недели.

„Пред смртта на кралицата, зафатеноста на хотелите во Велика Британија беше околу 10 отсто под нивото пред пандемијата во 2019 година“, рече Хенчел.

„Многу е веројатно дека лондонските хотели и хотели во околните градови ќе ги надминат нивоата на искористеност и приходи во 2019 година“, додаде тој.