Се бара да се забранат летови за 9,99 евра

44

Германското здружение за воздушен транспорт (German Air Transport Association – BDL) формулираше список на барања и им се обрати на политичарите во форма на отворено писмо, со цел да се осигура дека оваа индустрија ќе расте кога ќе помине корона кризата. Здружението ги застапува интересите на авиокомпаниите, аеродромите и контролата на летовите.

Според правилата на ЕУ, доколку летот се одложи повеќе од три часа, патниците имаат право на надомест на штета од 250 до 600 евра. Германците сакаат да го променат ова правило.

Здружението исто така бара начин да го намали бројот на авиони во воздухот, бидејќи поради преоптовареноста на небото, понекогаш се чека со часови за одобрување да полета.

Тие забележуваат дека има компании кои ги намамуваат патниците со евтини билети за 9,99 евра. Здружението повикува на воведување анти-дампинг мерки и да се спречи намалувањето на цената на билетите.

Фото: Pixabay