Се бара купувач за пропадната американска банка

44

Американското финансиско регулаторно тело се обидува да најде купувач за „First Republic Bank“, а зделката би можела многу брзо да се официјализира.

Американската Федерална корпорација за осигурување на депозити (FDIC) наводно побарала од шест банки да ја купат банката и да ја спасат од неуспех. Акциите на банката паднаа минатата недела, откако менаџментот призна дека клиентите повлекле 100 милијарди долари во март.

Според Ројтерс, се претпоставува дека првиот повик дошол до инвестициско банкарскиот гигант JPMorgan Chase. Покана доби и Bank of America.

Овие две банки одбија да ги коментираат наводите.

First Republic Bank меѓу своите клиенти има богати поединци чии пари се потенцијално загрозени доколку не се најде купувач.