Сè било смислено – Сем Бенкмен-Фрид обвинет за „оркестрирање шема за измама на инвеститорите“

132

Американската комисија за хартии од вредност (SEC) го обвини Сем Банкмен-Фрид дека „оркестрирал шема за измама на инвеститорите“ во неуспешната берза за криптовалути FTX, пишува Би-би-си.

Поранешниот шеф на оваа компанија беше уапсен во понеделникот.

Понатаму, според претседателот на SEC Гери Генслер, Банкмен-Фрид изградил „куќа од карти на основа на измама“.

Тој рече дека наводната измама е апел до другите платформи да се усогласат со американскиот закон. SECго обвини поранешниот милијардер за прекршување на одредбите од Законот за хартии од вредност од 1933 година и Законот за размена на хартии од вредност од 1934 година.

Инаку, во медиумите се шпекулира дека сè било испланирано, имено, „излета на површина“ тајниот разговор на уапсениот директор на берзата FTX.

АФР дозна дека основачите на FTX, Банкмен Фрид и Зикиао „Гари“ Ванг, заедно со инженерот Нишад Синг и поранешната директорка на истражувањето на Аламеда, Каролин Елисон, користеле групен разговор на Сигнал со надеж дека ќе ги задржат информациите скриени.