Се финализира купопродажниот договор помеѓу Disney и Fox

46

Фото: Facebook

Договорот вреден 71 милијарда долари, со којшто Disney го купи најголемиот дел од 21st Century Fox ќе биде финализиран на 20-ти овој месец. Тоа ќе значи голема пресвртница во светот на шоу бизнисот и крај на филмското студио Fox, како што досега беше познато, пишува CNN.

Според експертите, се очекува Disney да отпушти околу 5.000 вработени од двете страни, како резултат на консолидацијата.
Со овој договор, филмскиот гигант станува сопственик на студиото, се стекнува со контролен удел во Hulu и презема пакет на забавни канали како FX и Nat Geo. Останатите делови од 21st Century Fox ќе останат да постојат како дел од нова компанија, наречена само Fox, во којашто ќе бидат вклучени мрежата Fox broadcast, Fox News и Fox Sports.
Disney успеа да даде подобра понуда од Comcast и во јули лани 21st Century Fox беше продадено. Сепак, следеа низа регулаторни одобренија пред финализирање на договорот.