Се гаси БХ Ерлајнс?

20

bh-airlinesАвиокомпанијата БХ Ерлајнс наскоро ќе се гаси, дознава Дневни аваз од извори блиски на Владата на Федерацијата БиХ. Причина за ваквата одлука, која наскоро треба да биде усвоена, е неисплатливоста на понатамошното финансирање на компанијата.

Аваз пишува дека владата за финансирање на националната авиокомпанија која има само два авиона и 108 вработени, издвојувала 3,5 милиони евра годишно.

Уште една причина за гасење на оваа авиокомпанија е и раскинувањето на партнерството со Туркиш ерлајнс. Како што дознава весникот, по раскинувањето на договорот со турскиот авиопревозник, многу странски авиокомпании кои сакале да станат стратешки партнери се откажале од намерите.