Се грижеше како ќе ја плати киријата, а денес има 46 милијарди долари

155

Во 1992 година, пред Амазон да има капацитет да достави пакети до секој дом во Америка, животот на Мекензи Скот изгледаше  поинаку.
Скот дипломирала на Универзитетот Принстон и се преселила во Њујорк со надеж дека ќе стане романописец.

Работела како келнерка за да врзе крај со крај, а работата не и оставила  време да пишува.

„Имав непредвидливи и мали делови од време во кои или колабирав од исцрпеност и фрустрација, или размислував за досадната монотонија на правење и продавање сендвичи“, напиша Скот во писмото до нејзиниот ментор, починатата писателка и нобеловец Тони Морисон.

Таа напиша и дека е загрижена да ја плати киријата со парите што ги добила.

Во неколку писма, неодамна објавени од The ​​New York Times, Скот, исто така, ја објаснува на Морисон промената во животот што следела: Таа прифатила работа во  хеџ фондот D.E. Shaw, најмногу поради финансиска потреба.

На нејзината нова работа, Скот ја интервјуираше во една прилика  нејзиниот иден сопруг, Џеф Безос, кој работеше со неа.

Во 1994 година, младенците се преселиле во близина на Белви, Вашингтон за да го стартуваат Амазон.

Скот работела со скратено работно време во Амазон, а слободното време го поминувала работејќи на роман.

Во писмото до Морисон, Скот го нарече Амазон „интересна работа“ и напиша дека „работата со скратено работно време е добра за пишување роман“.

Во текот на следните три децении, Скот објави две книги – една во 2005 година и друга во 2013 година. Пазарната капитализација на Амазон исто така порасна на 1,5 трилиони долари, а кога Скот и Безос се разведоа во 2019 година, таа доби 25 отсто од акциите на Безос.

Денес нејзиното богатство е повеќе од 46 милијарди долари, а голем дел од тоа богатство го дава во добротворни цели.