Сè ќе се подели на два дела-предвидува економистот кој ја предвиде светската економска криза

136

Практично е во тек нова светска војна „секако во Украина и сајбер просторот“, објави познатиот економист Нуриел Рубини, кој се прослави со предвидувањето на финансиската криза од 2008-2009 година.

Минатата недела германскиот весник „Шпигел“ го интервјуираше професорот Рубини и наведе некои од најгорливите проблеми во светот.

Потсетувајќи се на неодамнешниот настан организиран од Меѓународниот монетарен фонд, тој се осврна на историчарот Ниал Фергусон кој „во говорот рече дека би биле среќни да имаме економска криза како 1970-тите – а не војна како 1940-тите“.

Зборувајќи за големите глобални закани, Рубини го спомена тековниот конфликт меѓу Русија и Украина, додавајќи дека и Иран и Израел се „на судир“.

Ривалството меѓу Вашингтон и Пекинг во голема мера ја подгрева тензијата, истакна Рубини, додавајќи дека САД го забранија извозот на одредени полупроводници во Кина и ги притискаат европските нации да ги прекинат трговските врски со земјата поради национална безбедност. Тој смета дека се заканува колапс на глобализираниот свет.

Трговија, финансии, технологија, интернет: се ќе биде поделено на два дела – предвидува економистот.

– Го прашав претседателот на една африканска земја зошто добива 5G технологија од Кина, а не од Запад. Ми рече, ние сме мала држава, па и онака некој ќе не шпионира. Тогаш би можел да земам и кинеска технологија, поевтино е – открил економистот за „Шпигел“.