Се купува гардероба: Приходите на Inditex ги надминаа нивоата пред пандемијата

98

Шпанскиот моден гигант Inditex, сопственик на Zara, објави силен раст на профитот и приходите во првиот квартал. Клиентите ја обновуваат гардеробата по месеци поминати дома поради пандемијата на коронавирусот.
Нето добивката на шпанската компанија скокна за 80 отсто во периодот од јануари до март, на 760 милиони евра.

Приходите се зголемија за една третина на 6,7 милијарди евра, надминувајќи го нивото пред пандемијата.

Закрепнувањето на продажбата во Велика Британија, Европа и САД му помогна на Inditex да надомести дел од изгубениот приход во Русија, каде што затворија 502 продавници поради руската инвазија на Украина.

Русија беше втор најголем пазар на Inditex по број на продавници и учествуваше со пет проценти од нејзиниот раст на продажбата од 1 февруари до 13 март.

Освен Русија и Украина, единствениот пазар на кој продажбата на Inditex не порасна во првиот квартал беше Кина, каде што заклучувањето влијаеше на 67 продавници.

Продажбата преку Интернет падна за шест отсто во првите три месеци од оваа година во споредба со истиот период минатата година кога сè уште беа во сила голем број пандемични ограничувања. Inditex очекува 30 отсто од продажбата да остане онлајн до 2024 година.