Се менува логото на најпопуларниот чипс

160

Популарниот чипс Pringles за првпат е лансирани пред 30 години во Велика Британија, а за да го одбележат овој повод, брендот одлучи да направи промена. Иако брендот е познат по логото, карактеристичен лик со мустаќи, Pringles одлучи да го промени за прв пат во последните 20 години.

Компанијата одлучи да го модернизира веќе познатиот лик од пакувањето, па сега, по трансформацијата, “господин Р“ (познат како Julius Pringles) ќе ја “загуби“ косата и ќе има нови веѓи и нова црвена машничка, пишува BizLife.

Оригиналниот “Господин Р“ е дизајниран од Арч Драмонд во Њујорк во 1967 година, а маскотата оттогаш стана глобална икона. Еднаш тој дури се најде како гостин во епизода од Симпсонови. Од лансирањето на Pringles, господинот Р, имаше шест нови изгледи за да биде во чекор со времето, но овој дизајн ја направи најголемата промена.