Се намалуваат цените на становите во Хонгконг

24

Пандемијата дополнително ќе ги намали цените на недвижнини во еден од најскапите градови во светот, проценуваат експертите.

Само во октомври, цените на недвижните во Хонгконг се намалија за 0,6%. Таму живеат околу 6.700 жители на квадратен километар што го прави да биде еден од најгусто населени градови во светот, а ограничената понуда на станбен простор може да спречи драстичен пад на цените на становите во услови на пандемија.

Се проценува дека цените на недвижнините во Хонгконг ќе се намалат за дополнителни 5% следната година, по падот од 7% на крајот на октомври, во однос на достигнатиот врв во април лани.

Иако во Хонгконг не беше воведен целосен карантин и полициски час, мерките против пандемијата ја влошија економската состојба во тој град – држава.

На цените на недвижнините може да влијае и стапката на невработеност, што достигнала ниво од 6,4% и е највисока во последните 16 години. Според официјалните податоци, без работа од август до октомври, останале околу 257.800 луѓе.

Фото: Freepik