Се откажува годинашниот Тиквешки гроздобер

208

Манифестацијата Тиквешки гроздобер годинава нема да се одржи поради превентивните КОВИД мерки, одлучи Советот на општина Кавадарци.

Советниците денеска на седница одлучија да ја изземат оваа точка од дневниот ред.

Според програмата, манифестацијата требаше да биде тридневна и да се организира во септември. Предвидени беа дегустации на традиционална храна и тиквешки пијалоци, изложба на олдтајмери, два карневала, како и забавно-музичка програма.

Фото: Pixabay