Се откажува од 1,5 милијарди долари за доброто на планетата: Во што инвестира Гејтс сега?

173

Основачот на Microsoft, Бил Гејтс, објави дека ќе одвои 1,5 милијарди долари за борба против климатските промени. Парите ќе бидат пренасочени од неговиот инвестициски фонд Breakthrough Energy Catalyst, и ќе бидат инвестирани во соработка со американската влада, односно Министерството за енергетика, пренесува Wall Street Journal.

Просечната глобална температура на воздухот на планетата ќе го надмине таканаречениот “праг над кој нема враќање“ во 2030 година, приближно една деценија порано отколку што покажаа претходните истражувања.

“Избегнувањето климатска катастрофа ќе бара нова индустриска револуција. Мораме да направиме технологија и производи што не предизвикуваат штетни гасови “, ја објасни Гејтс својата одлука.

Таа технологија, додаде тој, мора да биде поевтина за да може целиот свет да си го дозволи тоа.

Фото: Pixabay