Се отвора Икеа во Загреб, за граѓаните бесплатен автобуски превоз

23

ikea zg

Во 10 часот денеска, шведскиот трговец со мебел Икеа свечено ќе ги отвори вратите на својот прв продажен објект во Загреб. Поради тоа што се очекуваат големи гужви, за оние кои нема да одат со сопствен автомобил, Икеа организираше бесплатен автобуски превоз. Автобусите возат од пет часот утрово и ќе возат во текот на целиот ден, пишува Т-Портал.

Од Икеа ги молат граѓаните да бидат трпеливи и да ги почитуваат упатствата од лицата од обезбедувањето, стои на официјалната интернет страна.

Во Икеа во Загреб ќе работат 349 луѓе, а цените на повеќето производи ќе бидат нешто пониски, но приближно како оние во центрите во Австрија и Италија. Продажниот центар на 38.000 метри квадратни ќе нуди преку 9.000 производи за уредување на домот, а во ресторанот со преку 600 места за седење ќе се нудат шведски и локални хрватски јадења.

Според пишувањето на словенечки Финанце, по Загреб, Икеа ќе гради центар и во Љубљана, уште два во Хрватска (Сплит и Риека) и пет во Србија (два во Белград, по еден во Ниш и Нови Сад и еден во централна Србија).