Се отвораат банките во Грција

21

grcija

Грчките банки што беа затворени на 29 јуни, денеска ќе ги отворат вратите за клиентите, а ограничувањата за вадење пари и финансиските операции ќе бидат ублажени. Три недели Грците можеа од банкоматите да вадат само 60 евра дневно. Од денеска ќе можат да подигнат повеќе пари дневно, но неделно вкупната подигната сума треба да е 420 евра.

Берзата во Атина ќе остане затворена, јавува Блумберг.