Се отвори првиот ресторан Goodys во Веро Центарот

71

123 Денес официјално започна со работа првиот ресторан на Goodys во Веро центарот, со што скопјани ја имаат уникатната можност први да го посетат реномираниот ресторан за брза храна и да уживаат во оригиналните и префинети вкусови од овој бренд. Ова е првиот ресторан од ланецот на познатите грчки ресторани за брза храна што се отвора во Скопје, за кој франшизата ја има Веропулос ДООЕЛ Скопје.
„Среќни сме што имаме можност на скопјани да им понудиме ново место на мапата на ресторани, место со вкусна и деликатесна храна, да ги понудиме уникатните вредности на медитеранската кујна, квалитетна и брза услуга од нашите вработени, разновидна храна подготвена според највисоките стандарди за квалитет, со специфичен медитерански вкус. Задоволни и насмеани потрошувачи се нашиот императив и ќе се потрудиме да им овозможиме извонредно искуство”, изјави Костас Теодосијадис, генерален Директор на Веро.
Goodys нуди оригинални бургери, вкусни специјалитети, користејќи внимателно избрани состојки со извонреден квалитет.
Приказната за Goodys почна во 1975 година во Солун со воведувањето на целосно нов концепт во бизнисот со брза храна. Од самиот старт Goodys стана препознатлив по единствените и оригинални менија креирани од страсните кувари. Разновидното мени, бескомпромисниот квалитет, грижата и љубовта за брендот се нивните клучни елементи за успех кои секојдневно им носат 500.000 потрошувачи.
До денес Goodys важи за еден од водечките синџири за брза храна во Грција, со над 135 ресторани, пет на Кипар и по еден во Тирана и Белорусија. Главна цел на компанијата за 2014 година е да отвори 20 ресторани на Балканот и источна Европа.