
Бројот на Французи кои бараат работа минатата година се зголеми за 3,5 отсто, а состојбата на пазарот на труд особено се влоши во последниот квартал, објавија француските медиуми.
Вкупниот број на невработени на крајот на 2024 година изнесува 3.138.200, покажуваат најновите податоци што ги објави Француската Дирекција за истражување и статистика (Дарес), објави „Фигаро“.
Поголемиот дел од луѓето кои бараат работа се на возраст под 25 години.
Уделот на таа возрасна група на пазарот на трудот скокнал за вкупно седум отсто во изминатите 12 месеци, покажуваат податоците на Дарес.











