Се предлага воведување данок на екстра профит за енергетските компании

Министрите за финансии на пет земји-членки на Европската Унија повикаа на воведување данок на вонредна добивка на енергетските компании поради зголемувањето на цените на горивата поради војната со Иран, според писмо испратено до Европската комисија, до кое „Ројтерс“ имаше пристап.

Според извештаите, министрите за финансии на Германија, Италија, Шпанија, Португалија и Австрија, во заедничко писмо од петок, истакнаа дека таквата мерка би била сигнал за единство и подготвеност за дејствување.

„Исто така, би испратилe јасна порака дека оние кои профитираат како резултат на војната мора да го направат својот дел за да го олеснат товарот врз граѓаните“, се вели во писмото.

Цените на нафтата би можеле да достигнат 150 долари за барел доколку протокот на енергија низ Ормутскиот теснец остане нарушен до средината на мај, објави банката „Џеј-Пи-Еј Морган“.

Американската инвестициска банка посочи дека нафтата наскоро ќе се движи на ниво од 120-130 долари за барел, објави Ројтерс.

Цените на дизелот во Европа го достигнаа највисокото ниво од 2022 година, при што фјучерсите за дизел се искачија на повеќе од 200 долари за барел, или 1.498 долари за тон, со дневен скок од речиси десет проценти на Лондонската берза.