Се продава еден од најголемите синџири на ресторани за брза храна

249

Најголемиот ланец на ресторани за брза храна во светот, Subway продава 37.000 илјади свои ресторани. Акционерите во вторникот објавија дека размислуваат за најголемата американска банка Ј.П. Морган Чејс како купувач.
Во исто време, сè уште не е јасно дали и во која временска рамка може да се склучи зделката.

Најавата за продажба не е изненадување. Wall Street Journal на почетокот на јануари објави дека Subway се подготвува за продажба.

Цената би можела да достигне повеќе од десет милијарди долари (9,3 милијарди евра), пишуваше тогаш Wall Street Journal, повикувајќи се на сигурни извори.

Subway го водат семејствата на основачите Фред Де Лука и Питер Бак.

Фото: facebook