Покрај повеќе месечните напори да го продаде својот скромен дом со три соби, маж од Детроит решил да превземе драстични мерки.
Според Fox 2 News, сопственикот сега ја менува својата куќа за iPhone 6.
Првично куќата била на продажба за 5.000 долари, но нејзината цена паднала, така што сега изнесува 3.000 долари.
Трисобниот дом располага со подрум и гаража за два автомобили. Куќата доаѓа заедно со неплатени даноци од 6.000 долари, но како што вели агентот за продажба на истата, за тоа и за се останато ќе може да се преговара.
Агентот додава дека сопственикот на куќата може да се согласи да го замени својот дом и за iPad од 32 GB.