Луксузната вила на поп иконата Мадона што се наоѓа на Беверли Хилс, Лос Анџелес, беше продадена во 2013 година за 19,5 милиони долари, но сега некогашниот имот на мега ѕвездата е повторно ставен на продажба за многу поголема сума – 28 милиони долари.
Куќата има десет спални соби, 15 бањи, две дневни соби, приватна сала за вежбање, тениски терен и домашно кино.
Освен главната куќа имотот вклучува и две помали гостински вили.