Прочуеното љубовно гнездо на кралот на рокенролот е ставено на продажба. Модерната вила во Палм Спрингс, Калифорнија, којашто Елвис Присли ја изнајмуваше се продава за седум милиони долари.
Нејзиното име е The House of Tomorrow, а популарниот пејач и глумец ја изнајмуваше во 1966 година по цена од 21.000 долари неделно.
Тој и неговата жена Присила живееја тука две години, а во вилата го поминаа и својот меден месец.
Луксузната градба се состои од четири кружни простории распоредени на три нивоа.
Зафаќа површина од 700 метри квадратни, а има дневна соба, трпезарија, простор за појадок, бар, четири спални соби и пет бањи, како и базен, терен за тенис и овоштарник.