Се продава најскапата куќа во Лондон

89

Најскапата куќа во Лондон повторно е огласена за продажба. Вилата Knightsbridge, која се наоѓа во близина на Хајд Парк, ја нуди Beauchamp Estates, наведуваат извори на Bloomberg запознаени со понудата.

Замокот е во сопственост на семејството на Хуи Ка Јан, извршен директор на China Evergrande Group, додаде изворот.

Сопствениците ја купиле вилата пред неполни три години. Според податоците за земјиштето, купувачот, Vision Perfect Global Limited, со седиште на Британските Девствени Острови, го купил имотот со 45 соби во април 2020 година за 210 милиони фунти.

Портпаролот на Beauchamp Estates не сакаше да коментира, а истото беше и со претставниците на компанијата Evergrande.

Фајненшл тајмс претходно објави дека Хуи Ка Јан го купил имотот и дека во преговорите бил вклучен уште еден кинески милијардер, Чеунг Чунг Киу, основач на CC Land Holdings.

Хуи, некогаш најбогатиот човек во Кина, почна да продава имот откако колапсот на кинескиот пазар на недвижности го принуди Евергранд и другите компании да прогласат банкрот. Неговото богатство падна на околу шест милијарди долари од 30 милијарди колку што имаше во 2019 година.