Се продава последното BMW на Марадона

96

Помина една година од ненадејната смрт (25.11.2020) на големиот Диего Армандо Марадона, а сега имотот на славниот починат фудбалер е ставен на аукција.

Куќата Adrian Mercado во Аргентина почна да го продава тој имот, а меѓу многуте работи што му припаѓаа на Марадона беше и неговото многу посебно BMW M4.

 М4 беше еден од неговите последни автомобили, пишува Јутарњи.хр.

Она што е посебно за овој М4, покрај фактот што беше во сопственост на Марадона, кој го купи во 2017 година е рачно напишан потпис на шофершајбната, како и сини светла сместени во решетка на ладилникот и вградена полициска сирена.

Сè друго во овој модел М4 е стандардно. Почетната цена беше одредена на 165 илјади долари.