Британската телекомуникациска група Vodafone ќе ја понуди првата СМС порака на светот на онлајн аукција.
Тие, имено, одлучиле да пласираат СМС на аукцијата, испратена во 1992 година во која се честита Божиќ.
Според пишувањето на странските медиуми, купувачот на NFT (незаменлив токен) ќе добие единствена реплика од оригиналниот комуникациски протокол. Сето ова се одржува во рамки на добротворна онлајн аукција во организација на француската аукциска куќа Aguttes на 21 декември. Приходот, Vodafone ќе го донира за помош на раселените лица, поточно средствата ќе бидат насочени кон Обединетите Нации.
СМС пораката која гласи Среќен Божиќ (Мerry Christmas) била испратена на 3. декември 1992 година, а истата ја примил Ричард Џарвис, тогашен вработен во компанијата. Историската порака ќе биде на аукција како NFT во еднократна продажба спроведена од страна на Aguttes.
Учесниците на аукцијата ќе можат да даваат понуди, користејќи ја криптовалутата етерeум, а највисоката понуда ќе му донесе некому ексклузивно сопствеништво над комуникацискиот протокол, користен за пренос на првата СМС порака на светот.











