
Откако „Меркатор“ пред три месеци се откажа од купување на „Енгротуш“, што важи и за малопродажната мрежа на оваа компанија наречена „Туш“, за оваа компанија од Целје сè уште се бараат купувачи.
Според словенечкиот весник Дело, во тек се разговори со потенцијалните купувачи. На крајот на минатата година беше извршена конверзија на побарувањата со што беше подмирен долгот на „Енгротуш“ како чадор компанија.
Ова вклучува претворање на побарувањата во основен капитал со цел да се намалат обврските на компанијата. Со ова треба да заврши процесот на реструктуирање на „Енгротуш.
Фондот „Алфи“ е мнозински сопственик на оваа словенечка компанија со 80 проценти од акциите, додека „Туш холдинг“ поседува една петтина од акциите. Мнозинските сопственици бараат стратешки купувач со малопродажна мрежа од регионот, за да го подобрат статусот на „Туш“ во однос на конкуренцијата.“
Фото: Facebook











