Се раскинуваат договорите за концесија за седум мали хидроцентрали во Шар Планина

80

Се раскинуваат договорите за концесија за седум мали хидро-електрични централи во Националниот парк Шар планина, одлучи владата на денешната седница.

На иницијатива на министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини на денешната Седница, Владата на Република Македонија ја усвои информацијата во врска со статусот на Договорите за концесија на малите хидроелектрични централи лоцирани во зоните на строга заштита и на активно управување на Национален парк Шар Планина, за кои се водеше постапка за спогодбено раскинување на Договорите за концесија за користење на вода за производство на електрична енергија.

Со информацијата се опфатени шест мали хидроелектрични централи лоцирани во зоните на строга заштита и на активно управување во Националниот парк Шар Планина, кои нема да се реализираат. Се работи за МХЕ Љуботенска бр.66, МХЕ Љуботенска бр.67, Беловишка бр.107, Пена бр.82, МХЕЦ Лешочка 100 и Лешочка 101.