Се “разбуди“ Биткоин адреса стара 9 години со скоро 30 милиони долари на неа

210

Уште еден Биткоин паричник, последен пат користен кога беше создадена водечката криптовалута, беше активиран оваа година.

Податоците што ги сподели услугата Whale Alert за следење на големи крипто-трансакции покажува дека крипто-паричник со Биткоин (БТК), купен или стекнат пред 8 години и 8 месеци, се “разбуди“ по долг период на неактивност.

Паричникот 1BamMXZBPLMwBT3UdyAAKy3ctGDbXNKoXk содржи 616 БТК во вредност од околу 29,5 милиони долари. Во 2012 година, 616 БТК беа еквивалентни на само 6.700 долари, што е зголемување за 4.499 пати.

Ова не е прв пат да се активира пасивен БТК паричник оваа година. Претходно беше објавено дека во јули е активирано пасивно портфолио кое содржи 791 БТК.

Таков неактивен паричник, кој сега е активиран, може да се гледа како лош знак, бидејќи сопствениците на овие паричници најверојатно планираат да ги продадат своите БТК сега, а потоа да купуваат Биткоин подоцна по пониски цени.