Се разгледува можноста за обнова на авиолинијата Скопје – Катар

44

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, оствари работна средба со в.д. амбасадорот на Катар во Република Северна Македонија, Џасим Ал-Тани.

На средбата министерот Бочварски потенцираше за потребата од обнова на
авиолинијата Доха (Катар) – Скопје, соопштија од Министерството.

Исто така, министерот ги претстави инфраструктурните проекти што се
реализираат во државата.
„Соработката меѓу двете држави е многу важна за поврзување на луѓето и
економијата. За нас е посебно значајно да се обнови линијата Скопје – Доха,
заради одржување на бизнис релациите меѓу двете земји. Имаме добра
соработка со Катар, но сметаме дека имаме уште потенцијал оваа соработка
да се зголеми,“ изјави министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.

На средбата министерот упати повик до инвеститорите од Катар да ги
разгледаат условите за инвестирање во Република Северна Македонија и да ги
искористат предностите што ги нуди земјата во регионот.