Се развива читач на Брајова азбука за лицата со оштетен вид сличен на таблет

148

citac za brajova azbuka

Тим научници од Универзитетот Мичиген развива читач на Брајовата азбука, сличен на популарните таблети, што ќе им биде од голема корист на милиони лица со оштетен вид во светот, пишува Digital Trends.

Освен цели страници текст, корисникот ќе добие и приказ на фотографии и графикони на Брајова азбука.

Вакви слични уреди веќе постојат на пазарот, но се значително поскапи. Целта е овој уред да биде поевтин и достапен за сите.

Научниците велат дека овој уред ќе има пневматски систем, што користи вода и течност за да ги произведува точките за буквите, што е многу поповолно од сличните системи што користат електроника.