Се шири тимот странски советници во српската влада

76

NellenНа меѓународниот тим на експерти кои ќе го советуваат српскиот вицепремиер Александар Вучиќ и српската влада, наскоро ќе му се придружи и Бетина Нелен, експерт за борба против корушција и перење пари, јавуваат српските медиуми.

Како што пишува Данас, Нелен доаѓа на предлог на германската влада и две години ќе ја советува српската влада. Според Данас, Нелен, која зад себе има 11 години искуство во борбата против корупцијата и перењето пари, ќе ја плаќа германската влада.

Нелен е третиот експерт странец во српската влада, покрај поранешниот прв човек на Меѓународниот монетарен фонд Доминик Строс – Кан и поранешниот австриски канцелар Алфред Гузенбауер.