Се шпекулира дека Цукерберг ќе се повлече од кормилото на компанијата: Дали ја губи довербата кај инвеститорите?

30

Шерил Сандберг, поранешната директорка на Мета (поранешен Фејсбук) поднесе оставка во јуни оваа година. Во октомври, Мета забележа пад на нејзините акции за речиси 20 отсто, што на крајот резултираше со отпуштање на 11.000 вработени во ноември. Дали сето ова укажува дека е време Цукерберг да ја префрли палката на некој друг?

Информациите до кои дојде The Leak сугерираат дека основачот на  Фејсбук решил сам да се пензионира. Како што се наведува, одлуката „нема да влијае на метаверзумот“.

Со години, и покрај скептицизмот и загриженоста на акционерите, Цукерберг е решен агресивно да го продолжи својот ризичен план Метаверс, за кој тврди дека ќе се исплати на долг рок.

Според извештајот на Financial Times во октомври, инвеститорите изразиле фрустрација поради планот на Цукерберг да ги удвои инвестициите во Metaverse.

Ова уследи по жестокото отворено писмо од Бред Герстнер, чиј фонд Altimeter Capital поседува акции на Metа во вредност од стотици милиони долари.

Писмото јасно укажува дека Цукерберг ја губи довербата кај инвеститорите.

Енди Стоун од Мета го негираше заминувањето на Цукерберг.